Како што се наближува зимскиот период, се повеќе се размислува за тоа како да ја поминеме грејната сезона, како да се згрееме, која би била најдобра опција и колку тоа би не чинело. Доколку се двоумите околу вашиот избор, односно дали ќе се загревате на дрва, струја, нафта, гас, пелети и.т.н ние ќе се потрудиме да ви помогнеме со тоа што ќе пишуваме за позитивните и негативните страни на вашиот потенцијален избор.
Досега во претходните постови особено внимание посветивме на котлите кои за произведување на топлинска енергија, како енергенс користат дрва. Дрвото е доста прифатливо како енергенс на нашиве простори главно тоа е поради цената, но загревањето на дрва со себе си носи и дополнителни обврски. Во овој пост ке се обидеме да претставиме малку поинакво решение за ладните зимски денови, односно ќе прикажеме блиска слика на електричен котел моноблок. Сега сигурно се прашувате што е тоа моноблок. Тоа е електричен котел составен од сите потребни додатни елементи (експанзија, пумпа и.т.н), односно котелот само ќе треба да се монтира во просторијата, се поврзува со системот за грење и започнува со работа. За оние фамилии коишто половина од денот и повеќе го поминуваат надвор од дома и немаат време да ложат котел на дрва, им препорачуваме електричен котел со термостат (дигитален тајмер) за регулирање на температурата. Значи на термостатот го подесуваме времето кога ќе сакаме да започне греењето и кога да се исклучи. На пример стануваме да се спремаме за на работа во 7.30. Ние на тајмерот внесуваме да започне котелот со работа во 7.10 и кога ќе станеме нашиот дом е топол. Кога излегуваме од дома го подесуваме да се исклучи, а кога пак ќе се вратиме од работа го подесуваме да вклучи и пак да се вратиме во топол дом.
Со тоа се постигнува намалување на потрошувачката на електричната енергија и оптеретување на електричните инсталации. Овие топловодни електрични системи за греење претставуваат миникотларница во која се вградени елементи од реномираниот светски производител GIACOMINI кој обезбедува долготрајна и сигурна работа. Котелот се испорачува со греач, зависно од тоа колкава му е kw вредноста, оди заедно со експанзија и сите останати потребни елементи.
Контакторите можат да бидат од тип VALCO или од тип RADE KONCAR во зависност од побарувањето на купувачот. Овие топловодни електрични системи за греење имаат гаранција 1 година. Ние сме тука за вас, да ви понудиме решение и да пронајдеме начин како најдобро да се помине грејната сезона, а сигурни сме дека вие ќе донесете правилен избор.
Доколку имате дополнитлно прашање слободно пишете.
vemolam za stan od 80 kvadrati kolku kemiqini kotelot
Почитувани,
За стан од 80 квадрати, потребите за греење целосно би се задоволиле со електричен котел од 12KW.
Со Почит,
Термо Систем
Pocituvani,
Za stan od 99m2 grejna povrsina, dali e dovolen kotel od 15KW.
Почитувани,
Која јачина на котел би ви одговарал на 99 м2 стан е релативна работа, бидејќи тука има други фактори кои треба да ги имате во предвид како што е изолацијата на станот, грејните тела, прозорите и ред други работи. Најдобро е да се консултирате со проектант кој ќе ви понуди најсоодветна јачина на котел.
Доколку имате дополнителни прашања слободно пишете.
Со Почит,
Термо Систем