Пред нас се високите температури и оние топли денови во кои доколку сме на работно место и не сме до некоја плажа или планина, секако бараме разни начини да се разладиме. Секојдневните обврски и тековни задачи во тие топли денови сакаме да ги завршиме со убав туш и релаксирана вечер. Токму поради тоа во нашите домови, особено во текот на летото сакаме нашиот бојлер во секое време да биде полн со топла вода.
Од една страна потребата за санитарна топла вода е значајна за секое домаќинство, а од друга страна цената на електричната енергија е во постојан пораст и не тера да размислуваме како да ги искористиме обновливите извори на енергија кои ги има насекаде околу нас.
Веројатно до сега сме сретнале различни типови на бојлери кои ја загреваат водата која нам ни е потребна, но сите се со различна цена, квалитет и многу е важно при одбирање на бојлер да се внимава на тие корисни податоци. Во овој пост нашето внимание ќе го насочиме кон комбинираниот бојлер од Sun System со намена за соларни панели. Овој бојлер има иста функција како и конвенционалниот бојлер, ја складира топлата вода и ја одржува нејзината температура. Комбинираниот бојлер со 2 спирали (изменувачи) е изработен од емајлиран материјал кој спречува таложење на бигор. На надворешната страна од бојлерот има специјална изолација, силиконска волна, со која ја одржува температурата на водата.
Предности кои ги добиваме со користење на овие бојлери со два изменувачи се следниве:
– Овие бојлери се двонаменски, се користат во системот за греење и за добивање на санитарна топла вода
– Ефикасни се особено во оние места каде има тврда вода, бидејќи нема да треба толку често да се чисти од наслаги од бигор, со текот на времето
– Овие бојлери имаат две опции за приклучување на енергетско ефикасни извори, со што се економско исплатливи
– Изменувачот кој го имаат овие бојлери дозволуваат истиот да се поврзе на котел на црвсто гориво или електричен котел и со самото тоа што специјално за загревање на водата не се троши електрична енергија, се штеди на потрошувачка
– Бојлерите се со различни димензии, зависно потребите на домаќинството и имаат голема искористеност на добиената топла вода
– Доколку и двете опции се поврзат наеднаш, речиси и да нема потреба од потрошувачка на електрична енергија
– Доколку сакаме да ја користиме топлата вода која се добива од соларниот систем, може да се замени приклучокот за топла вода од конвенционалниот, на соларниот бојлер.
Со поставување на ваков бојлер со две намени, заштедуваме и уживаме во комфорот на санитарната топла вода која ја добиваме.
Leave a Reply