Придобивки од поврзување на соларни системи со помал проток

Поврзување на соларни системиВо еден од претходните постови зборувавме за правилното димензионирање на сончевите системи.  Сега ќе наведеме во кои случаи се користи соларен систем со помал проток а во кои со поголем проток. Доколку системот се поврзе со мал проток ќе ги наведеме придобивките кои ќе ги има корисникот.

Големите сончеви топлински системи секогаш би требало да работат според принципот на мал проток. Ова значи дека специфичниот масен проток низ колекторите се движи меѓу 5 до 20 kg/m2 час. Споредено со системите со голем проток ( 21-70 kg/m2 час), кои би требало да се користат за мали системи ( сончеви системи за индувидуални куќи), тоа резултира со многу поголем температурен пораст по колекторски циклус. Додека кај системите со голем проток температурата во топлинскиот резервоар постепено се наголемува по секој колекторски циклус ( претпоставувајќи дека интензитетот на сончевото зрачење останува непроменет), кај системите со мал проток целната температура (на пр.65 степени) може да се постигне со еден колекторски циклус. За да се обезбеди оваа висока температура  директно на располагање на корисникот (ако е можно без никакво меѓу мешање) топлинскиот резервоар треба да се полни со топлинска енергија на соодветна температура.

Ако се користи соодветен хидрауличен систем и правилно димензионирани компоненти, сончевиот систем со мал проток вграден во стамбена зграда може да резултира со следниве придобивки:

  • Заради нивните релативно мали волуменски протоци, потребни се цевки со доста помали димензии ( довод и поврат), па тоа резултира со помали инвестициони трошоци.
  • Споредени со системите со голем проток, системите со мал проток имаат потреба и дозолуваат големи термални должини при сериско поврзување на колектори. заради оваа причина, сериски можат да се поврзат колекторски површини до 80 м2 (во специјални случаи до 100м2), зависно од геометријата на апсорберот и соодветниот пад на притисок. Како резултат, се намалува обемот на цевната мрежа, има само влезна и излезна цевка во/од серијата. за споредба, ограничувањето за сериското поврзување на колектори кај системи со голем проток е меѓу 20 и 25 м2, зависно од геометријата на апсорберите и соодветниот пад на притисок. Оваа предност на системите со мал проток битно го намалува количеството на потребна техничка опрема (цевки, изолација, вентили), но и ангажманот околу монтажата, т.е се намалуваат капиталните трошоци.
  • Споредени со системите со голем проток, намалувањето на потребната цевна мрежа и помалите дијаметри, значително ги намалуваат топлинските загуби, а со тоа се зголемува годишниот степен на искористување на системот.
  • Заради намалените волуменски протоци, потребниот капацитет за пумпање битно се намалува, а со тоа се намалува и ангажираниот електричен капацитет.
  • Кај правилно димензиониран и ракуван систем со мал проток, заради брзо постигнување на целната температура, потребата од дополнително загревање се намалува.

Остави коментар

*