Времето какво што моментално е надвор, не принудува само на едно нешто, да седиме во нашите топли домови и воопшто да не помислуваме за излегување. Но не секогаш ваквиот мир се нарушува од некакви ситни проблеми. Најмногу би ни се нарушил доколку греењето поради било кавква причина не функционира. За тоа да се случи постојат безброј причини, но денеска ќе се задржиме на една. Оваа причина најмногу ја имаат почуствувано луѓето кои своите домови ги загрееваат со радијатори кои се приклучени на топлификација, доколку пак уште живеат на првиот спрат со сигурност се имаат соочено со проблемов и тоа не еднаш.
Обично во големите системи поради безброј причини се појавува нечистотија во самиот систем. Поради тоа грејните тела се запушуваат од нечистотијата и воопшто не емитуваат топлина. Повеќето од моите пријатели кои што живеат на некој од првите спратови, секоја година пред почетокот на грејната сезона, грејните тела (радијторите) ги чистат. Неретко при тоа чистење од радијаторите се случува да излезе поголема количина на песок.
Грејните тела не се запушуваат само ако сте приклучени на топлификација. Многу системи се имаат запушено од безброј други фактори а не се приклучени на топлификација. Не ретко се случува и котелот да се запуши од нечистотијата, кој без разлика дали е на тврдо гориво, нафта, плин и.т.н му се намалува ефикасноста, односно водата не циркулира во него и не се загрева доволно. Ова резултира со зголемена потрошувачка на гориво, а резултати од зголеменото согорување ќе нема.
За среќа и на ваков тип на проблем има решение. Луѓето кои што работат во развојните центри на Giacomini ја имаат завршено својата работа доста добро и на пазарот го имаат претставено сепараторот за нечистотија.
На страните од сепараторот се наоѓаат приклучоци преку кои се приклучува во системот. Приклучоците можат да бидат од 3/4“ или од 1“ цол. На долната страна на сепараторот се наоѓа котелска славина преку која може да се полни системот, а на горната страна се наоѓа автоматско воздушно лонче за испуштање на воздух. Инаку од долниот дел каде се наоѓа котелската славина преку се испушта и нечистотијата која се има насоберено во сепараторот. Во сепараторот во внатрешноста се наоѓа специјална метална мрежа која ги собира сите нечисотии и не дозволува да одат понатаму. Инаку оспегот на работа на сепараторот е од 0 до 110 степени и работен притисок до максимум 10 бари.
Доколку имате дополнителни прашања слободно пишете.
Leave a Reply