Системите кои ги поставуваме во просториите за греење имаат потреба од температура на топла вода која се мери благодарение на термометар, како и потреба од притисокот што се јавува во тие системи кој се мери благодарение на манометар. Дали сте знаеле дека овие две потребни мерења можат да се спојат во една направа која прецизно ќе може да го мери притисокот и температурата.
Giacomini од својата палета на производи ви претставува термоманометар кој е одлична комбинација на термометар и манометар. Термоманометарот се поставува во металните сандачиња и во секое време прецизно ја мери и прикажува температурата на водата како и притисокот во цевките. Ова го овозможува капислата која се монтира на системот за греење и е со машки навој со големина од 1/2″ во која е сместен сензор за прецизно мерење.
Giacomini Термоманометарот R226 е изработен од дизајнирана црна пластика, а капислата е изработена од месинг.
Работните опции на термоманометарот се:
– максимален работен притисок од 0-4 бари и од 0 – 6 бари,
– максимална работна температура од 0 – 120 степени целзиусови.
Со примената на Giacomini термоманометарот се поедноставува мерењето и регулацијата во системите за греење и тие системи добиваат на сигурност и ефикасност.
Leave a Reply