Wilo Stratos Pico – Најекономично решение за грејната сезона

Ознаки за енергетска ефикасностСе до сега, високо ефикасните пумпи беа достапни само во големите згради, но од сега, Wilo ви ја претставува високо ефективната пумпа Stratos Pico за домашни потреби. Со инсталација на оваа пумпа уште од денеска ќе уживате во голема заштеда на електрична енергија. Секое домаќинство е полно со електрични потрошувачи. Застарените, нерегулирани пумпи за греење се едни од најголемите потрошувачи.

Нивната замена со новата Wilo- Stratos PICO високо – ефикасна пумпа, би можела да ви заштеди годишно и до 3.956 денари (65 евра) од домашниот буџет. Ова е овозможено со уникатната 3 ватна технологија. Практично пумпата сама ќе се исплати за две до три години. Поради големата заштеда на енергија Wilo пумпите од серија Stratos и понатаму претставуваат референца во енергетската ефикасност на класата А (Energy label – A).

Погодна за сите монтажни услови

Монтажа на пумпата Wilo-Stratos PICO е навистина лесна за сите услови. Компактната изведба овозможува лесна монтажа и на ограничен простор.

Wilo – Stratos – Pico доаѓа со еден практичен приклучок за електрично поврзување. Ако порано секогаш мораше да се поврзуваат краевите на енергетските кабли директно во приклучната кутија, со Wilo – Connector, кабелот најнапред се поврзува на конекторот, а потоа конекторот едноставно се поставува на пумпата.

Споредба на потрошувачка на електрична енергија со останатите апарати и пумпи

Споредба на потрошувачка на електрична енергија со останатите апарати и пумпи

Едноставно подесување

Најважна работа е правилното подесување. За да се овозможи тоа, Wilo Stratos PICO e опремена со голем екран. Ова значи дека пумпата може лесно да се управува и чита однапред, а сите важни параметри за подесување можат да се видат лесно и на прв поглед.

Со само едно притискање на копчето, Wilo Stratos PICO го активира автоматското обезвоздушување – за максимални преформански и безшумна работа.

Подрачје на примена

Подрачје на примена е високо распространета а во неа влегуваат топловодното греење на куќи и станови, системи за климатизација, индустриски циркулациони системи и др.

Trackbacks

  1. […] на опрема со А или В енергетска ефикасност. Провери ја енергетската ефикасност на опремата која […]

Остави коментар

*