Акцијата за соларни системи е активна и сите информации можете да ги видите на официјалната страна за акцијата.
Во претходниот пост пишувавме за идеи и трикови со чија помош би можеле да ја намалиме нашата сметка за струја што резултираше со многу позитивни реакции од нашите читатели.
Се со цел на некој начин да помогнеме на нашите читатели и денeска и утре нашето внимание ќе го задржиме на тоа како нашиот дом да стане енергетски по ефикасен.
- Поставување на дигитален тајмер или собен термостат. Со помош на термостатот можеме да ја контролираме температурата во просторијаа и по потреба ја зголемуваме или намалуваме.
- Исклучување не непотребни апарати од домаќинството. Истражувањата покажале дека потрошувачката на електрична енергија се намалила дури за 20% кога се исклучувале непотребните апарати за домаќинство, или пак ако по користењето веднаш се исклучуваат. Да напоменеме дека во оваа спаѓа и исклучување на мониторот од компјутерот, исклучување на телевизорт од струја, исклучување на полначи за мобилен телефон или лап топ по нивната употреба и.т.н.
- Заменување на старите и искористени електрични уреди. И кај електричните уреди е истата приказна како кај автомобилите, колку се постари толку повеќе трошат.
- Заменување на старата циркулациона пумпа (ако се користи во системот за греење) со нова. Со најновата технологија, производството на пумпи го достигнало својот максимум, со што новите пумпи трошат за 90% помалку електрична енергија од постарите.
- Користење на геотермална енергија. Геотермалната енергија е бесплатна и се добива од подземните води. и кога еднаш ќе го поставиме системот, целокупната енергија што ја добиваме од него е бесплатна.
- Комбинација на соларен систем за производство на топла вода со системи за греење. Со поставување на соларен комбиниран бојлер со два изменувачи се отвара можност топлата водата добиена преку сончевиот систем да се користи и во системите за греење без разлика дали станува збор за подно или радијаторско греење.
- Користење на опрема со А или В енергетска ефикасност. Провери ја енергетската ефикасност на опремата која ја користиш и сите со ознака D, E или F замени ги со енергетска вредност А или В
- Гасење на светилките. Гасење на светилките кои непоребно осветлуваат и ние по навика ги оставаме да светат по подолг временски период ја намалува потрошувачката на електрична енергија.
- Намалување на температурата во текот на ноќните часови ја намалува потрошувачката.
- Намалување на амбиеталната температурата кога излегуваме надвор на подолго време.
- Изолација на цевките кои поминуваат од надвор или простории кои не се греат. Со тоа се намалува губитокот на топлината од цевките кои проаѓаат ни простории када не е потребна топлина, и водата останува подолго време топла и потребен е помал период таа да се загрее.
- Исклучување на системот за греење при подолго отварање на прозороцот за да не се троши струја залудно. Кога ќе сакаме да ја проветриме просторијата во која седиме подолг период, првин да го исклучиме системот за греење за да не работи напразно бидејќи целокупната топлинска енергија што че ја произведе ќе се изгуби со проветрувањето.
Постојаното поскапување на електричната енергија, не приморува да разгледуваме повеќе начини како би ја намалиле потрошувачката.
Ова се најприменуваните методи со кои се среќаваме, постојат и други кои во следниот дел од овој серијал ќе ги опфатиме, а до тогаш за било какво прашање ви стоиме на располагање.
[…] ги објавивме првите 12 можности за заштеда на електрична енергија. Денес ќе продолжиме со вторите 12 со што ќе бидат […]