Основна цел на радијаторите е со испуштање на топлина добиена од топлата вода која циркулира во нив и со тоа да загреваат одредена просторија. Затоа е најдобро радијаторот да има што е можно поголема допирна површина со воздухот.
Во денешно време најкористени се панелните и алуминумските радијатори. Без разлика каков радијатор ќе поставиме во просторијата доколку тој е со доволна големина ќе ја загрее просторијата без разлика од кој тип е. Во денешниот пост ќе ви кажеме нешто повеќе за панелните радијатори.
На нашиот пазар има многу различни типови на панелни радијатори, кои се ист дизајн но со различна моќ. Затоа ние препорачуваме стално пред да поставиме радијатор да ја провериме неговата јачина или моќ. Некои фабрики за да ја намалат цената на самиот радијатор ги кратат ламелите кои се поставени во внатрешниот дел на радијаторот и со самото тоа ги кратат трошоците за производство но со тоа се намалува и јачината.
Површината на радијаторот значи простор кој одава топлина колку е поголем толку повеќе топлина одава. Панелните радијатори одат на метар должина. Најсоодветно место за поставување на радијаторот е на најстудениот дел од просторијата а тоа најчесто е под самиот прозорец или на еден од надворешните ѕидови.
Предности на панелните радијатори
* Брзо загреваат;
* Може лесно да се заменат за да се зголеми или намали излезната топлина или ако дојде до дефект.
Недостатоци на панелните радијатори
* Можат да бидат во гломазна големина и да зафаќаат голем дел од просторот;
* Можат да кородираат;
* Собираат прашина.
За секогаш да бидеме сигурни во нашиот избор на радијатор пред да го купиме треба да ги видиме неговите технички карактеристики, да се консултираме со стручено лице и да купиме квалитет кој понатаму нема да не разочара.
Без разлика дали ќе се решите да одберете панелен или алуминиумски радијатор, важно е да се направи избор на големина на радијатор, согласно просторот кој треба да се загрее. Во изборот на панелните радијатори важни се ламелите кои се распространети во внатрешниот дел и доколку се распоредени низ целата внатрешност, радијаторот има поголема моќност.
Leave a Reply