Зошто котлите на пелети се толку популарни, како нов начин на греење?

Gorilnik za peletiТри многу важни работи, се главната причина заради која многу луѓе се одлучуваат да го заменат постоечкиот котел (на нафта, гас, дрва итн) со котел на пелети:
1. Трошоците за греење, во суштина се преполовени.
2. Котлите на пелети се многу полесни за одржување и заштедуваат драгоцено време заради лесното полнење со пелети.
3. Инвестицијата со поставување на котел на пелети се враќа за веќе 3-4 години.

1. ЗА КОЛКУ ЌЕ СЕ НАМАЛАТ ТРОШОЦИТЕ ЗА ГРЕЕЊЕ?
Со котлите на пелети трошоците за греење се намалуваат речиси за 50 % во споредба со котлите на нафта.
За тоа колку поточно би се намалиле трошоците за греење со користење на пелети можете да заклучите од следниот пример: за 1000 литри нафта за домаќинство ќе ви бидат потребни околу 800 евра, а додека пак рамномерно на потребните 1000 литри нафта ќе ви бидат потребни 2 тони пелети кои ќе ја дадат истата топлина во вашите домови, а цената за нив ќе изнесува само 420 евра. Па од тука се гледа реално дека заштедата е негде околу половина.

Некои луѓе можеби се скептици околу одржливото ниво на цената на пелети, бидејќи велат дека цената за нив ќе порасне за многу брзо време, како и на останатите енергенси. Меѓутоа во пракса се покажало дека во земји кои се богати со шуми (како Македонија) тешко е остварливо растењето на цената за пелетите, затоа што како расте побарувачката за пелети, така ќе се зголемува производството на истите и соодносот на цената ќе остане речиси ист.

2. ОДРЖУВАЊЕТО НА КОТЕЛОТ НА ПЕЛЕТИ Е МНОГУ ЛЕСЕН И НЕ ОДЗЕМА МНОГУ ВРЕМЕ.
Согорувањето на пелети нормално остава отпадоци во вид на пепел, која за разлика од огревно дрво количински е многу помала, а тоа може да се заклучи по самото тоа што котелот ќе треба да го чистите само еднаш неделно. Чистењето на пепелта е многу едноставно поточно кажано, со најобична правосмукалка се вшмукува и тоа ќе ви одземе не повеќе од 5 минути. Како пример може да послужи 1 тон пелети кои од кога ќе бидат согорени, од нив ќе остане само 1 килограм пепел, или во пракса ова би значело недела дена греење, а само еден грст отпаток во котелот.

Кога котелот еднаш е исчистен и наполнет со пелети наредното полнење ќе биде дури после две недели, нормално тоа е во зависност од големината на силосот за пелети и температурата која е посакувана во домовите. Накратко кажано, во текот на една грејна сезона полнење на пелети се врши 7 до 10 пати. По чистењето и полнењето на котелот следно што треба да се направи е подесување на саканата температура преку автоматиката, за да може лежерно и опуштено да ја имате посакуваната температура во домот без да помислувате на функционирањето на котелот во наредните две недели.

3. КОГА ЌЕ ЈА ВРАТИМЕ ИНВЕСТИЦИЈАТА?
Да речеме се греете со котел на нафта и треба да се загреваат 200 m², цената која би ја платиле за овој начин на загревање би изнесувала приближно 1800 евра. Со замена на овој котел и поставување котел на пелети за истата квадратура ќе потрошите околу 900 евра на пелети. Од овде гледаме дека за една грејна сезона со греењето на пелети заштедуваме некаде околу 900 евра, што значи дека инвестицијата би ја вратиле за околу 3-4 години.

Ова е доволна причина ако не се решите да го замените веќе постоечкиот котел, барем да се размислува на оваа тема која и те како е интересна и ќе биде оправдан секој вложен денар во енергетски поефикасни елемнти за производство на топлина во вашите домови.

peleti vo rakaНАСОКИ КОИ ЌЕ ВИ ГО ОЛЕСНАТ ИЗБОРОТ ЗА КУПУВАЊЕ НА КОТЕЛ НА ПЕЛЕТИ

Предноста од поставување на котел на пелети ја видовме во погорниот текст и заклучивме дека со овој котел имате греење во домовите со многу помалку потрошено време околу полнење и одржување на котелот.

Повеќето домаќинства веруваме дека веќе имаат поставено котли на дрва кои на овие простори се најекономични во моментов, додека не се појавија пелетите како опција за огревен материјал. За да не би се вложувале дополнителни средсва во инвестирање на нови котли кога веќе имате поставено пред непосреден период, производителите на котли на пелети имаат направено опција, со поставување на горилник на пелети да се пренамени веќе постоечкиот котел и со самото тоа да заштедите уште на старт при самата инвестиција некои 1000 евра.

Најповолна инвестиција би било кога имате веќе дотраен котел или имате нова куќа во која инвестирате нов котел наменет за греење на целата куќа уште во самиот старт да инвестирате во малку поскапа варијанта т.с во котел на пелети кој е исклучиво наменет за работа на пелети. Овој котел можеби е поскап од купување на котел на дрва и додавање на горилник за пелети, меѓутоа подобро е на самиот старт во инвестицијата за греење на вашиот дом да вложите некои си дополнителни 500 евра, кои верувајте дека ќе бидат паметна инвестиција за годините кои следат. Имено, со оваа инвестиција ќе ги намалите трошоците околу евентуални сервисирања на горилниците и купувања на дополнителни делови, а со самото тоа заштедувате на време и избегнувате непотребни нервози поврзани со греењето. Од приложеното може да заклучиме дека со инвестирањето од самиот старт во котел на пелети инвестицијата ја враќате за 3-4 години.

Постојат и многу поефикасни котли на пелети кои имаат високо продуктивна работа и се многу полесни за одржување бидејќи речиси и да не оставаат отпаден материјал кој треба да се чисти. Меѓутоа цената на овие котли е далеку поскапа од останатите, првенствено заради новата технологија која е вложена во инсталацијата на овие котли кои успеваат да го согорат пелетот во целост и да извлечат максимален ефект во греењето на домовите.

 

Comments

  1. Ziveam na sprat od kuka so povrsina od okolu 80 m2 sakam da se zagrevam so pecka na peleti, dali ke e dovolno da zemam samo pecka i so otvoreni vrati od spratot da se zageva celiot sprat ili ke mora da zememe kotel na peleti i da istalirame parno greeenjee.
    sakam da mi odgovorete i da me upatite sto i kako da napravime za greenje na zima,
    pozdrav vi blagodaram

  2. колку би ме чинело инсталирањето на систем со парно греење на пелети за куќа од 120 квадрати со 5 соби. знаци целосниот трошок

  3. Здраво,

    Дали на систем за греење, составен од котел на пелети и радијатори, може да се приклучи и fan-coil единица за греење / ладење ?

  4. Почитувани,
    Имам семејна куќа на два спрета, со површина на основата 120 м2.
    Колку би ме коштало греењето со вашите котли за парно.
    Имам инсталирано систем за парно греење, значи потребен ми е котел и пелети.
    Се надевам ке ме удостоите со одговор.
    Срекни празници.

  5. Dual chamber boiler BURNiT CombiBurn DC-A
    Zdravo zagrevam prostor okolu 170 m kvadratni sakam da go smenam postojniot kotel so nov , sto ke mi preporacate kombiniran ili na peleti odnapred vi blagodaram za sovetot POZDRAV

    • Почитувани,

      Од програмата на BURNiT можеме да ви понудиме 30 KW котел на цврсто гориво, кој има опција за поставување на горилник на пелети. Повеќе информации за котелот можете да погледате на Web страницата во производи.

      Со Почит,
      Термо Систем

  6. Pocituvani,imam stan od 80m2 so postaveno parno na struja.Sto se mi e potrebno da kupam i kolku bi me cinelo seto toa,znaci dali kotelot na peleti se povrzuva so radijatorite i slicno malku da mi ja objasnite postapkata.

    • Почитувани,

      Котелот на пелети работи како и сите останати котли, што значи не одаваат топлина во просторот, а загреваат вода која е наменета за поврзување на парно греење (радијаторско или подно). Поврзувањето може да биде со алумпласт црево или со бакарни цевки во зависност од тоа каков материјал преферирате.

      Со Почит,
      Термо Систем

  7. Ивица says:

    Здраво ,

    Колку би ме чинело инсталирањето на систем со парно греење на пелети за куќа од 90 квадрати со 4 простории. Се надевам можете да ми одговорите приближно.

    Блаодарам однапред

  8. Zdravo
    Kolku bi me cinelo parno na peleti za sprat od kuka od 100 m2.
    Vi blagodaram.

    • Почитувани,

      Доколку сакате да добиете поконкретни цени за да наместите парно греење со пелети треба да ни доставите детална спецификација на нашиот меил.

      Со Почит,
      Термо Систем

  9. Zdravo
    Se raboti za povrsina od 100m2 kade sto ima postaveno podno i radijatori bi ve zamolil da mi dadete ponuda so sto bi mozel da se zagree toj prostor se raboti za potkrovje nova gradba e
    Vi blagodaram

    • Почитувани,

      За таа површина да биде загреана, како би функционирало подното греење и радијаторите ќе ви биде потребен 18 Kw електричен котел.

      Со Почит,
      Термо Систем

  10. Zdravo
    Imam kotel od 65 kw momentalno go koristam na drva i zagrevam povrsina nekade od 130kvadrati kolku bi me kostalo da se napravi na peleti so gorilnik i silos za nego

    • Почитувани,

      Котлите на дрва во зависност од изведбата можно е да се преиначат за работа на пелети. Дополнителни информации околу цената ќе добиете на вашиот меил.

      Со Почит,
      Термо Систем

  11. Kolku kosta pecka na peleti za zagrevanje na 130 m2

    • Почитувани,

      Цените за производите можете да ги погледате на нашата страница, инаку конкретно цената ќе ви ја пратиме на меил.

      Со Почит,
      Термо Систем

  12. ilija od skopje says:

    ve molam ako moze da mi odgovorite za povrsina okolu 220m2 imam postaveno parno so kotel na struja dali ke mozi da se povrzi kotel na peleti kakov,kolku kw,kolku ke me kosta i kade da se obratam ve molam ispate ponuda na mojot email

    • Почитувани,

      На поставениот котел на дрва треба да се провери дали постои опција да се приклучи горилник на пелети доколку е тоа возможно без проблем ќе ви задоволи горилникот на пелети кој го имаме ние во нашата програма на Bosch со јачина 14-34 KW. Цената за горилникот ја имате на нашата страница, но во секој случај ќе добиете понуда и на меил.

      Со Почит,
      Термо Систем

  13. Zdravo
    Se raboti za stan povrsina od 80m2 vo kicevo
    Kolku bi me cinelo komplet instaliranje na sistemot pecka na pelet, kotel i 5 radiatori.
    I kolku kosta samo peckata so pelet za 80m2 ?
    Pozdrav

  14. Imam kuka od catca 130 m2 sostavna od prizemje sprat i potkrovje koe mozebi nemora da se zagreva.Kukata ima nadvoresna izolacija kombi ploci.
    Vo pdrumot imam kotle na struja za parno od 18 kw. Istoto go koristam mnogu dolgo.Bidejki strujata stanuva se poskapa sakam da se orientiram na drug vid na greenje. kolku bi cinela kotle na peleti koja e moknosta kolkava temperatura bi postignuval, kolkupeleti bi trosel za edna sezona i konecno kolku e taa ivesticija.

  15. Pocituvani,

    Bi sakal da znam kolku bi me cinel sistem za parno greenje so kotel na peleti za kuka od 110 metri kvadratni. edna od sobite e 35 kvadrati, WCto ima 10 kvadrati, hodnik od 20 kvadrati i dve spalni sobi od 20 kvadrati.

    • Почитувани,

      Потребата за поставување на котел на пелети и панелни радијатори би ве чинел некаде грубо пресметано околу 3000-3500 евра, без монтажа.

      Со Почит,
      Термо Систем

  16. Pocituvani me interesira slednoto imam alfaplam rustik za etazno greenje 14kw I zatopluvam okolu140kvadrati plus minus, deli vo postoeckiot kamin mozi da se vgradi soodveten sistem na peleti I kolku bi cinelo, dokolku ne koj kotel go preporacuvate I kolku kosta istiot, golema blagodarnost

    • Почитувани,

      За Вашата квадратура би ви одговарал котел од 32 Kw на пелети, цената за тој пелет сет можете да ја погледате на следниот линк http://www.termosistem.com.mk/products-page/kotli-peleti/setovi-na-pelet/.
      Инаку преправка на веќе постоечкиот котел дали може да се направи неможеме да кажеме за тоа треба да се консултирате со мајстор кој најдобро може да ви каже дали постои можност за пренаменување на вашиот постоечки котел.

      Со Почит,
      Термо Систем

  17. Pocituvani.
    Imam stan od 105m2, i planiram da upotrebuvam kotlet so peleti so parno greenje za celiot stan, odnosno 2sobi i salon.
    Me interesira dokolku moze otprilika da mi kazete kolku bi me cinelo seto toa.
    Vi bagodaram odnapred.
    So pocit,
    Enes

    • Почитувани,

      За таа квадратура грубо поставувањето на греење на пелети со камин кој ќе одава топлина во просторијата и плус радијатори на него да врзете ќе ве чини околу 2500-3000 евра.

      Со Почит,
      Термо Систем

  18. Zdravo, me interesira dali postoi opcija za kombiniran kotel na drva i peleti ikoja bi bila cenata za 180m2 kukja, dobro izolirana
    Pozdrav,

  19. Kukja na 3 sprata so P= 160m2, kolku bi cinela investicija na parno so peleti so kompletna instalacija i radijatori.

    Blagodaram

  20. Pocituvani,
    Imam stan od 70m2, instaliran sistem na parno greenje na elektricna energija. Sto treba da se dodade za da se izvrsi promena za greenje so peleti. Kolku ce cini taa investicija i kolku od prilika cini zagrevanje na ovoj prostor za edna zima.
    Srdecen pozdrav, Ana

    • Почитувани,

      За квадратура од 70 м2 ќе ви биде потребен котел на пелет од 15 Kw. Тој може да се постави на истата инсталација која е пуштена за електричниот котел, но ќе треба да имате во предвид дека ќе ви биде потребно и излез за оџак без кој неможе да функционира котелот на пелет. Инаку целата оваа инвестиција би ве чинела некаде околу 1500 евра, а потрошувачката на пелет за еден месец би се движела грубо околу 50 евра со добра изолација.

      Со Почит,
      Термо Систем

  21. Здраво,

    Моментално сум на камин на дрва со вграден котел. Површината на греење е 100 квадрати (2 големи радијатори, 1 мал, бојлер, и купатилски радијатор. Изолација на куќата сеуште немам и моментално трошам по 14 кубика дрва на сезона. Дали и колку би заштедил кога би ставил камин на пелети место мојот камин.

    Поздрав

    • Почитувани,

      Доколку сакате да поставите камин на пелети потрошувачката ќе ви биде поголема во однос на потрошувачката на дрва. Доколку сакате да ја намалите потрошувачката најпрвин ќе мора да ја решите изолацијата на куќата.

      Со Почит,
      Термо Систем

  22. zdravo sakam da prasam imam kuka na 2 sprata okolu 130 kvadrati sakam da instaliram parno so peleti kolku bi me cinelo celata instalacija i kolku peleti od prilika bi mi troselo odnapred vi blagodarime srekni praznici

    • Почитувани,

      За Вашата квадратура ќе ви одговара камин на пелет кој има опција за повзување на парно од 23 Kw, цената за него и радијаторите (комплет со собирачи и вентили) би изнесувало околу 2000 евра. Инаку околу потрошувачката на пелет неможеме да дадеме конкретна инфомација бидејќи зависи од повеќе фактори, а пред се од квалитетот на плелетот. Нашата фимра функционира како големо продажба, а со самото тоа немаме монтажа и изведба, околу тие работи можеме да ве поврземе со наши соработници доколку се одлуите да ги купите нашите производи.

      Со Почит,
      Термо Систем

  23. Zdravo, imam kuca od 300m2, koj kotel najvece ke odgovara za ovaa kvadratura i kolku ke me cini celata investicija?

  24. Za 55m2 vkupna cena za instalacija na parno I kotel na briketi

    • Почитувани,

      Во нашата програма немаме котел за поврзување на парно за толку мала површина. Единствено што можеме да ви понудиме во моментот за вашата квадратура е камин на пелет од 6 Kw. Повеќе околу камините и цената за нив можете да погледате на следниот линк http://www.termosistem.com.mk/products-page/kamin/kamini-na-peleti/

      Со Почит,
      Термо Систем

  25. Za sprat od kuka od okolu 100 kvadrati so veke postoecko parno na drva kolku bi me kostala peckata na peleti? Dali taa sodrzi so nea kotel i ekspanziono telo? I kolkava bi mi bila potrosuvackata na peleti za eden mesec vo prosek?

  26. Богослав says:

    zdravo
    me interesira koja e cenata za kotel na peleti za zagrevanje na 90m2 so odlicna toplotna izolacija. plus podno greenje so zonska regulacija na temperaturata. i dali bi bila dovolna pecka na peleti so kotel za parno?

    • Почитувани,

      За Вашата квадратура ќе ви одговара Камин на пелет од 15 Kw, кој во просторот одава 3 Kw, а на радијаторите пренесува топлотна енергија од 12 Kw. Повеќе околу цените и карактеристиките можете да погледате на следниот линк http://www.termosistem.com.mk/products-page/kamin/kamini-na-peleti/

      Доколку имате дополнителни прашања слободно пишете.

      Со Почит,
      Термо Систем

  27. Imam stan od 200m2 na dva sprata,pa me interesira kolku bi me cinelo kotel na peleti (kolku KW bi trebalo da bide) so celosna instalacija na parno greene i montaza,i dali e efikasno da se instalira i podno parno greene.
    Vi blagodaram odnapred

  28. Stanuva zbor za stan od 65m2.Kolku bi cinelo kotel na peleti a da se upotrebat postojnite (4) radijatori vo stanot.
    POzdrav

  29. Dali bi mozele da mi odgovorite kolku bi me cinelo komplet instalacija za parno na pecka so peleti (pecka cevki radijatori I se drugo sto treba)za 80m2 za tri spalni dnevna kupatilo wc kujna.

    • Почитувани,

      За вашата квадратура ќе ви одговара 15 Kw камин на пелет кој можете да го погледате на следниот линк http://www.termosistem.com.mk/products-page/kamin/kamini-na-peleti/ . Инаку монтажа не работиме, но доколку се одлучите за нашиот тип на камин на пелет ќе ви дадеме препорака од наш соработник околу монтажата.

      Со Почит,
      Термо Систем

  30. jocko ginovski says:

    me interesira za kuka od 120m2 koja golemina na kotel za parno na peleti koja e cenata i prosecnata potrosuvacka vo edna sezona

    • Почитувани,

      Од нашата програма за потребната квадратура можеме да ви понудиме камин на пелет со поврзување на парно греење 23 Kw, на следниот линк можете да го погледате каминот и цените http://www.termosistem.com.mk/products-page/kamin/. Потрошувачката највеќе зависи од типот на пелет кој ќе го купувате, така да во овој момент неможеме да ви дадеме информација колку би потрошиле.

      Со Почит,
      Термо Систем

  31. Дали постои камин на пелети кој што нема да е поврзан со радијатори, значи без вода а во иднина да може да се користи и за систем за радијатори

    • Почитувани,

      Каминот на пелет може да биде или со опција за поврзување на парно греење или само да испушта топлина во просторијата, тоа што вие го барате неможе да се изведе.

      Со Почит,
      Термо Систем

  32. ziveeme na sprat od 80m2 sakame da namestime kamin za peleti-duvalka vo dnevniot prestoj i so ovtoreni vrati da greeme i vo drugite sobi.znam deka nema da se postigni toplina kako vo dnevniot prestoj ama me interesira dali drugite sobi bi se zamlachile, bar da ima toplina kolku da ne bidi ladno, i dali toa moze da se postigni so kamin od 10kw ili treba pojak?

    • Почитувани,

      За Вашата квадратура ќе ви биде ок 10 Kw камин на пелет, но дали би ви биле топли преостанатите соби кои немаат греење тоа неможеме да го кажеме, бидејќи не знаеме како ви циркулира воздухот во станот. Инаку како поприфатливо решение ви е камин што одава топлина во просторот и плус опција за поврзување на радијатори за останатите соби. Во нашата програма го имаме каминот на пелет Енрад 22 Kw кој 3 Kw ослободува во просторијата во која е поставен а останатите 19 ги префрла на радијаторите.

      Со Почит,
      Термо Систем

  33. Имам камин поврзан на парно и трошам 15 кубици дрва.Куќата има супер изолација и пвц дограма топлам околу 170 квадрати.
    Да ми прерорачате камин на пелети и колку пелети ми требаат

    • Почитувани,

      Во нашата програма имаме Енрад камин на пелет 22 Kw, кој во просторот одава 3 Kw а на радијатори префрла 19 Kw и тој е за максимум 150 квадрати сега дали ќе биде доволно за тие плус 20 квадрати кои ги имате во вашиот случај неможеме да ви тврдиме. Инаку за таа квадратура во зависност од типот на пелет кој ќе го користите би потрошиле од 6 до 7 тона пелет за цела грејна сезона.

      Со Почит,
      Термо Систем

  34. Izvinete zainteresiran sum kolku bi me kostalo instalacija komplet za parno so kotel na peleti za 100 kvadrata.

    • Почитувани,

      Во нашата програма за таа квадратура можеме да ви понудиме камин на пелет 22 Kw кој во просторијата одава 3 Kw, а на радијаторите префрла 19 Kw. Инаку ние монтажа не работиме туку сме само продажба. Цените и повеќе околу каминот на пелет можете да ги погледате на следниот линк http://www.termosistem.com.mk/products-page/kamin/kamini-na-peleti/

      Со Почит,
      Термо Систем

  35. Zdravo,
    imam instalacija na parno so kotel na drva od “Radijator Kraljevo” (Ravan kotao tip: R-50 od 50 KW). Dali ima moznost da se prenameni ovoj kotel i za peleti i kolku bi cinelo dopolnitelnata oprema (gorilnik, rezervoar i dr.) so montaza?

    • Почитувани,

      На Вашиот котел ќе може да се постави горилник на пелет доколку котелот има на предната врата отвор со големина од Ф170 каде ви се поставил горилникот. Инаку ние немаме монтажа за истата може да добиете препорака за наши соработници.

      Со Почит,
      Термо Систем

  36. Imam kuka 160m2 i kuka 60m2,izmegju niv se naogja garaza zidana vo koja do sega bea smesteni i se smesteni elektricnite kotli i od kade pocnuva instalacijata za parno so radijatori.Vo kukata od 60m2 e ednoceven sistem a vo 160m2 dvocevenKukite se dobro izolirani.Moeto prasanje e kolkav kotel na peleti mi e potreben za da gi gree dvata objekti ali da mozat i sekoja posebno po potreba .Kolku ke me cini toa zadovolstvo,so site potrebni dopolnitelni elementi .Blagodaram odnapred na vasite odgovori

  37. Stan od 57 kvadrati dali moze so pecka na peleti 10 kw na duvanje da se zagreva so instalacija na cevki za duvanje po drugite sobi?

    • Почитувани,

      За Вашата квадратура без проблем ќе одговара 10 Kw камин на пелет, а како ќе направите изведба за да дува по различни соби тоа е веќе Ваша замисла и Ваш товар.

      Со Почит,
      Термо Систем

  38. imam dukan so okolu 100m2 kazete mi kakva pecka na peleti mi treba i koj cena e i dali mozi da se dogovorime za na rati nesto i td cekam vas odgovor na email vi blagodaram odnapred

  39. imam edno prasanje do vas imam kotel na drva i se grejam so drva sakam da se preforlam da se gream na peleti kako bi bila potrosnja gream negde 380 kvadrati so drva trosam 32 kubici drva kako bi bilo poeftinije i podobro greenje ve molam dajte mi savet??

    • Почитувани,

      Со поставуавње на пелет немате поевтино греење туку покомфорно, во превод помалку работа околу ложењето, чистењето итн. Инаку греењето на пелети е поскапо во однос на греењето на дрва. Како најекономично греење можеме да ви дадеме препорака за топлинска пумпа со која би го решиле и ладењето и греењето за целата куќа но потребна е нова инсталација и доста поголема инвестиција.

      Со Почит,
      Термо Систем

  40. Zdravo
    Imame kuka na dva sprata. na edniot sprat ima golem dneven prestoj, a na vtoriot kat ima tri spalni sobi. Me interesira, dali moze da se postavi peckata na peleti vo golemiot dneven prestoj, ili mora da se postavi vo podrumska prostorija.
    Dali dokolku se postavi vo golemiot dneven prostor, istiot ke se zatopluva, odnosno vo istiot nema da ima potreba od radijatori. Odnapred Vi blagodaram na odgovorot

    • Почитувани,

      За да можеме да ви дадеме конкретен одговор каков котел би ви одговарал ќе ни треба контретна квадратура на куќата. Доколку имате до 150 м2 простор за греење, тогаш ќе може да поставите камин на пелет во дневната соба со јачина од 22 Kw, а во спалните да поставите радијатори како би го затоплиле целиот тој простор. Но доколку имате поглоем простор тогаш ќе мора да направите котлара во некоја изолирана просторија.

      Со Почит,
      Термо Систем

  41. Здраво, имам постоечко парно греење на котел на дрва Симе Солида 7 на два спрата едниот е 96м2 а дригиот е 68м2.
    Сакам да се греам на пелети. Би сакал стручно мислење како е подобро дали истиот да го преправам со пламеник-горилник вграден од вратичката, или да се земи нов котел на пелети. Што препорачувате вие како е подобро? И дали би можело да се кажи колку би била потрошната и колку kw би требало. Благодарам

    • Почитувани,

      Доколку дозволува надградба на самиот котел кој веќе го имате најдобро е да си поставите горилник на постоечкиот котел. Во нашата програма го имаме горилникот на Bosch кој е подесив од 14 до 34 Kw доволно јак за вашата квадратура, цената вомоментот комлет со резервоар од 150 кг е 92000 денари.

      Со Почит,
      Термо Систем

  42. za kuka od160m2 na dva sprata kakov kotel bi trebalo da vgradam koja e negovata cena i potrosuvacka

    • Почитувани,

      Немате наведено каков котел сакате да поставите, доколку сакате на цврсто гориво ќе ви биде потребен 30 Kw котел од програмата на Бурнит кој го имаме во нашите производи или доколку сакате на струја котел тогаш доволен ќе ви биде 24 Kw. Цените и повеќе информации за котлите можете да погледате на нашата страна во производи.

      Со Почит,
      Термо Систем

  43. Pocituvani
    Sakam da dobijam info za stan od 90m2 koj e na dva sprata: 60m2-1vi i 30m2-2ri, za toa kakov kotel na peleti e potreben i kolku bi cinelo za 5 sobi i 2 kupatila.
    Odnapred vi blagodaram
    So pocit Pepi

    • Почитувани,

      За таа квадратура најдобро е да поставите камин на пелети во нашата програма е со капацитет од 22 Kw, од кои 3 Kw ги одава во самата просторија каде што е поставен, а останатите 19 ги префрла на радијаторите кои ќе бидат поставени во совите и купатилата.

      Со Почит,
      Термо СИстем

  44. Pocituvani,
    bi sakala da me informirate koja bi bila cenata za kotel na peleti i radijatori za 170 kvadrati dobro izolirana kukja,instalacija za parno vekje e pustena,blagodaram

  45. Pocituvani!
    Imam prizemna kuka, vo koja ima prostor za ziveenje od 97 metri kvadratni.
    Imam namera da instaliram pecka na peleti (so potrebnata dodatna oprema) za da se povrze so radijatori- vsusnost parno greenje. (ne mi e jasna isto taka razlikata pomegju pecka na peleti i kamin na peleti – vo sto e razlikata?). Kukata e vo faza na karabina i imam namera nadvoresnata fasada da bide so stiropor izolacija (nadvoresnite zidovi se standardni-blok) a vnatresnite zidovi se isto taka od blok-standard-16 cm, aimam namera da bidat izolirani so staklena-ili ne znam tocno kako se vika kamena mozebi-volna i gips karton.
    Mozete li da mi objasnite pri vakvi uslovi-dali e dobro resenie parno greenje na peleti (pecka ili kamin) i kolku bi me kostala investicijata so montaza (pecka ili kamin -so koja moknost i kolku kosta, kotel -ako e potreben, radijatori (vo kukata ima dnevna soba od 40 kvadrati, dve spalni sobi od 12-13kvadrati, kupatilo 6-kvadrati, hodnik -10 kvadrati, i ostava i slicno)-ponatamu sto drugo e potrebno (ventili, cevki i slicno)-kolku bi kostalo seto toa -dokolku se koristi materijal od nekoja si sredna kategorija-zaedno so montazata. Blagodaram.

    • Почитувани,

      За вашата квадратура можете да поставите камин на пелет со моќност од 22 Kw од кои 3 kw ги одава во просторијата каде што ќе го поставите, а преостанатите 19 Kw ги префрла на радијатори. Цената и моделот на каминот можете да го погледате на следниот линк http://www.termosistem.com.mk/products-page/kamin/kamini-na-peleti/
      Инаку другите елемнти како што се радијаторите и алумпласт цевките итн можете да ги погледате на нашата веб страница каде покрај секој производ имате цена.

      Со Почит,
      Термо Систем

  46. Zdravo. Imam kotel na drva termoflux bosanski 40kw i gream povrsina od okolu 300m2 (3 sprata od po 100m2). Celiot green sistem go instalirav predokolu 3 meseci. Greenjeto e perfektno no sega gledam deka e i naporno bidejki gream 24h sekoj den. Kotelot ima opcija za kombinacija so peleti. Prasajneto mi e dali pri izvedba na kombinacija drvo pelet moze istiot dase koristi preku den na drvo a preku nok na peleti. Kolkav e gabaritot na dogradbata (od pomalite silosi) cena na dogradba po vas profesionalen izbor na brener silos itn. Blagodaram.

    • Почитувани,

      Таква комбинација е просто невозможна бидејќи котелот можете да го користите или на дрва или на пелет, да вие можете да направите вечер да биде со пелет а преку ден со дрва ама ќе имате повеќе работа отколку ложењето на котелот на дрва. Тоа е така бидејќи за да поставите горилник на пелет кој ги согорува пелети треба да се извлече скарата за дрвата на чие место треба да се постави горилникот и обратно. Доколку имате време и нерви ова да го правите два пати во текот на 24 часа тогаш е возмозно.

      Со Почит,
      Термо Систем

  47. Почитувани,
    би сакала да ве прашам колку чини инсталирање на котел на пелети или дрва (која варијанта е подобро според вас согласно квадратурата) со поставување на цевки и радијатори – значи цел систем, на куќа на два спрата по 100 м2 и 60 м2 сутерен (од целокупната квадратура најчесто ќе се користи еден спрат од 100м2 и 60м2 сутерен)?
    Ве молам за цена на целокупна инсталација со радијатори и понуда на најдоброто решение за загревање на овој простор?
    Ви благодарам однапред

    • Почитувани,

      Во вашето барање имате поставено многу потпрашања доколку сакате поконкретно повелете во нашиот продажен салон во карпош 4 да ви дадеме конкретна понуда инаку котелот на пелет како сет можете да го видите на слендиот линк http://www.termosistem.com.mk/products-page/kotli-peleti/setovi-na-pelet/ за вашата квадратура ќе ви одговара 32 Kw сет на пелет.
      За преглед на цена можете да видите во производи за секој посебно производ кој дополнително ве интересира, ако сакате конкретна понуда испратете спецификација со потребни производни на нашиот меил info@termosistem.com.mk

      Со Почит,
      Термо Систем

  48. Горан says:

    Колкава би била потрошувачката при греење на 200 метри квадратни куќа со ваш котел на нафта ???

    • Почитувани,
      Потрошувачката зависи од многу фактори, односно, многу е битна надворешната температура, вашата топлинска изолација, која температура сакате да ја постигнете во вашиот дом и така натаму.

      Со почит,
      Термо систем

Остави коментар

*