Експанзионен сад

Во глобала во сите процеси во кои е вклучена водата како медиум, без разлика дали станува збор за греење, водоснабдување, соларни системи и.т.н
се создава притисок. Во зависност од различните околности тој притисок некогаш може да биде поголем a некогаш помал. За да се заштити системот
од удари на притисокот во случај да се појават,  мора да постои и некој сад кој тоа ќе го регулира. Денеска ќе зборуваме за експанзиониот сад, и која е неговата функција.

Експанзиониот сад е дел од сигурносната опрема на топловодниот систем од централното греење чија основна намена е превземање на топлинското
ширење на водата поради промената на нејзината температура, а во зависност на составот во кој се вградуваат можат да бидат отворени и
затворени. Основната предност на затворените експанзии е тоа што водата која што се користи како преносистел на топлина не доаѓа во допир со воздухот,
што понатаму би можело да дојде до корозија на системот. Инаку основните задачи на експанзионот сад се следниве.

* Превземање на топлинското ширење на водата и покривање на можните загуби на вода од системот.
* Осигурување на најмалиот потребен притисок во системот.
* Спречување на прекорачување на најголемата дозволена вредност на притисокот во системот, во комбинација со сигурносниот вентил

Експанзијата во системот се инсталира веднаш по вградувањето на котелот, а кај компактните односно целосните котли, т.н моноблокови, експанзиите се вградени во нивното куќиште. Тие се поставуваат непосредно до котелот и се приклучуваат на повратните цевки, потоа на нејзе би можело да се инсталира и додатен вентил (за случај кога би се заменувала експанзијата), на  кој мора да се внимава  да не се затвора по грешка или невнимание.

Одржувањето и преглед на експанзијата мора да се направи најмалку еднаш годишно, во склоп на редовниот годишен преглед на целокупниот систем за греење.
Прегледот на експанзијата опфаќа, надворешен преглед (видливи оштетувања на експанзијата, корозија и сл.), преглед на мембраната (непропустливот на мембраната) и преглед на притисокот.

Во случај на неисправност или оштетувања на експанзијата може да дојде до различни препреки во работата на системот за греење, а најчестите се.

* Загубата на вода од системот (најчесто преку сигурносниот вентил).
* Појавата на воздух во системот за греење, што води кон појавување на звуци кои излегуваат од грејните тела и цевките.
* Неправилна работа на циркулационата пумпа.

Доколку постојат прашања поврзани со експанзијата отворени сме за соработка.

 

Comments

  1. Здраво, дали може да напишете статија на кој принцип и како работат хидрофорите со боца. Како ја избутуваат водата, како се вклучуваат, колку вода може да се искористи пред да се вклучи моторот на хидрофорот кај една 24 литарска боца итн. Благодарам однапред.

    • Почитувани,

      Во текот на наредниот период ќе ја обработиме темата и ќе ја напишеме бараната статија.

  2. Благодарам.

  3. kade se postavuva ekspanzioniot sad na ladnata ili na toplata voda ….. na koja dalecina maksimum od kotelot…..poz…

    • Почитувани,
      Експанзиониот сад може да се монтира и на потисот и на повратот, но најчесто се монтира на повратот. Правилно е да се постави веднаш до сигурносниот вентил. На која максимална далечина се монтира вака од прва не би можел да ви кажам, бидејќи незнам за каков систем се работи. Доколку би можеле да ми кажете за што поточно станува збор и каде е замислен да се постави експанзиониот сад можеби би можел да ви помогнам.

      Со Почит,
      Термо Систем

Остави коментар

*