Кои радијатори се подобри за вашиот дом

Алуминиумски радијаториЧовештвото од секогаш тежнеело кон една единствена цел, да плати помалку да добие повеќе. Оваа тенденција не е од денеска туку од најстарите пишани документи, од кога знаеме дека човекот почнал да комуницира помеѓу себе и започнала размената на одредени продукти помеѓу луѓето. Така се појавуваат првите трговци, односно луѓе, кои излегувале поуспешни во размената на продуктите. Но некои трговци за да бидат поуспешни од останатите, се користат со најразлични финти, со криење на одредени факти и информации. Тоа е сепак само привремена мерка. Вистината сепак секогаш излегувала на виделина.

Вака го започнав овој пост затоа што во нашите простории пред определен период, дојде еден клиент со еден специфичен проблем. Имал два идентични стана, еден под друг. Ист распоред на соби, иста изолација имале становите, исти прозорци значи исто се. Но становите сепак се разликувале по нешто. Човекот поради немање на доволно финансии, греењето во едниот стан го поставил веднаш, а по одреден период го поставил греењето и во другиот стан. Значи потполно ист производител на котелот, радијаторите, вентилите и.т.н. Но во едниот стан е топло во другиот не. Доколку котелот работи со одредена моќност и во едниот и во другиот стан се чуствува разлика во температурата, односно едниот е потопол од другиот. Човекот на кого не му е главна преокупација парното во животот, не му е јасно како е тоа можно и зошто е тоа така, дали проблемот е во инсталацијата или станува збор за нешто друго.

По анализата што беше направена се заклучи дека проблемот е во панелните радијатори. Имено, многу производители на панелни радијатори кои се присутни на пазарот, во својата програма имаат радијатори потполно исти на изглед но различни во моќност. Тоа е затоа што ламелите кои што се наоѓаат внатре во радијаторот се скратени, а со тоа директно се губи на моќност. Кај повеќето радијатори тие се распространети низ целата внатрешност на радијаторот односно од самиот почеток до крај, од горе до доле. Кај другата верзија се распростанати од почеток до крај но не од доле до горе, туку само на средина, краевите им се скратени. Со тоа се штеди на материјал, полесни се, но и помалку моќни.

Панелен радијаторКлиентот не ги знаел овие работи. го уплатил бараниот износ(кој бил истиот и кога ги купувал помоќните), и по одреден пеириод ја заклучил разликата. Затоа кога ќе купувате панелни радијатори а ви требаат моќни, секогаш подетално прашувајте за истите, или пак видете ги и самите. За наша среќа, панелните радијатори Bor Pan со ваков тип на радијатори (со помала моќност), воопшто не се присутни на пазаров, па така не би можело да се случи ваква непријатна ситуација.

Проблем од сличен акспект може да се случи и кога купувате и алуминиумски радијатори, односно радијатори кои се купуваат по ребро. На пазарот се присутни безброј видови на алуминиумски радијатори и сите тие се разликуваат по моќност, изглед, висина, цена, произведител, и.т.н. Најбитното од се е издржливоста на притисок и излезната топлинска моќ. Топлинската излезна моќ директно влијае од големината на радијаторот. Повеќето радијатори се со стандардна висина односно од отвор до отвор има растојание од 60cm. Битна работа кај алуминиумското ребро е неговата длабочина. Тие на висина и на широчина на око изгледаат исто но во длабината се разликуваат. Има радијатори кои се длабоки 8 cm, а има и радијатори кои се длабоки 9.5 cm, оваа директно влијае на излезната топлинска моќ.  Повеќето луѓе не знаат за овие разлики и не знаат дека истите се разликуваат и по цена затоа што за едните има потрошено помалку материјал. За да не погрешите при евентуалниот избор, малку помош од нашата страна, доколку купувате радијатори, истите изберете ги од  Италијанскиот произведител  Radijatori 2000. Тие се со многу добар дизајн и голема издржливост, а имаат излезна моќ од 180 вати од едно ребро.

Така да доколку немате инсталирано систем за греење во вашиот дом земете ги овие податоци во обзир за да знаете точно што добивате за вашите пари.

Доколку имате прашања поврзани со темава слободно пишете.

Comments

  1. koja mu e cenata na inaljanskite radijatori 2000?

    • Здраво Никола,
      Цената на алуминиумските радијатори од производителот Radijatori 2000, односно цената на едно ребро со стандардна висина 60cm од отвор до отвор е 490 денари.

      Поздрав

  2. Здраво,

    Сакам да го опремам мојот стан со нови радијатори.
    Би сакал да ми кажете (направите споредба) меѓу гусани и алуминиумски радијатори, кои се подобри, по квалитетни, кои повеќе задржуваат топлина и слично.

    Во однос на стан со добра надворешна термо изолација, т.е. стан без надворешна термо изолација, дали постојат некакви стандарди колку W (односно радијаторски ребра) треба да се вградат на 1/m2 површина од станот, во првиот, т.е. вториот случај?

    Фала,
    Данаил Поповски

    • Почитувани,
      Како што може да забележиме во горенапишаниов текс на пазарот се присутни многу видови на радијатори. Сите тие се разликуваат помеѓу себе. Некои се со многу добри особини, а другите се слични само на изгледот, а не ги задоволуваат ни основните критериуми. По основа на тоа не би можел да дадам конкретен одговор. И тие и тие ќе ве грееат разликата е во цената и во изгледот.

      Во зависност каква изолација има објектот директно зависи колку вати се потребни за да се обезбеди доволно количество на топлина. Општо земено потребното количество за топлинска енергија за Македонски стандарди е околу 120 до 200 вати по метар квадратен. Доколку изолацијата е многу, многу добра се зема по 120 вати по метар квадратен, во останатите случаи постепено се зголемува.

      Ако се земе за пример дека едно алуминиумско ребро KALDO R600 има излезна топлинска моќ од 180 вати, на основа на овој податок би требало да ја направиме адекватната пресметка, за тоа колку ребра се потребни за определен објект.

      Доколку имате дополнително прашање слободно пишете.

      Со Почит,
      Термо Систем

  3. Александар says:

    Почитувани, имам печка „АЛФА ПЛАМ“ и еден радијатор 120/60 во просторија од 43 квад. Сакам да го заменам радијаторот и да поставам нешто друго за да се зголеми ослободувањето топлина токму во оваа просторија, но без да додадам уште еден или два радијатори. Имам слушнато за ФЕНКОЈЛЕРИ но не сум доволно информиран. Би сакал да добијам некои информации за нив. Мене ми е потребно само за греење.Доколку сте во можност да ми испратите некои информации, слики или препораки, однапред ви благодарам. Со почит Александар Гевгелија

    • Почитуван Александар,
      Ние во нашата програма имаме фенкојлери и за повеќе информации околу нивната работа го имате следниов линк http://www.termosistem.com.mk/fenkojleri/
      Цените за фенкојлерите во моментов не се на нашата страна но доколку сте заинтересирани за конкретна понуда слободно контактирајте не и ќе имате целосна понуда од нас.

      Доколку имате дополнителни прашања слободно пишете.

      Со Почит,
      Термо Систем

Остави коментар

*