Прашање: Кој котел е соодветен за мојот дом?
Одговор: Постојат повеќе видови котли на пелет, со различна моќност, се зависи од Вашите потреби, но зависи и од низа неопходни фактори. Стручниот тим на Термо Систем е секогаш подготвен да Ви ги даде сите неопходни одговори при набавката на котел на пелети. Контактирајте ги!
Прашање: Можам ли да го контролирам пламенот, согорувањето на пелет?
Одговор: Да! Котлите и камините на пелет, кои се дел од продажната програма на Термо Систем имаат опција за контролирање на дотокот на воздух во горилникот, односно можете да го контролирате согорувањето.
Прашање: Дали котлите или камините на пелет се скапи?
Одговор: Генерално трошокот за комплетен систем на греење на пелет преставува половина од инвестицијата во споредба со комплетна инсталација на систем за нафта. Инвестицијата се враќа за 5 до 8 години, во зависност од тоа колку често го користите системот на пелети, кои пелети ги користите итн.
Прашања поврзани со пелетите
Прашање: Зошто добрите пелети преставуваат добро гориво?
Одговор: Пелетите од дрво се евтини, ви заштедуваат простор, идеални се за автоматски систем на согорување, при тоа не ја загадуваат околината при нивното согорување.
Прашање: Дали пелетите прават неред (ѓубре итн.)?
Одговор: При согорувањето на пелетите, процентот на остаток, односно на пепел изнесува помалку од 0,1%.
Прашање: Како може да се препознае добар квалитетен пелет?
Одговор: Лесно ! Пелет со добар квалитет треба да потоне во чаша со вода. Причината за потонувањето е неговата влажност, која е една од важните фактори при изработката на пелет.
Прашање: Која е калориската моќ на пелетите?
Одговор: Генерално моќноста на пелетот изнесува 4,9 kWh на килограм пелет, но на пазарот се наоѓаат и пелети чија што моќ е поголема. Пред да набавите поголема количина на пелети, убаво разгледајте ги сите карактеристики на пелетот.
Прашања поврзани со складирањето на пелети
Прашање: Дали на пелетите им е потребно голем простор за складирање?
Одговор: За скалдирање на годишна набавка на пелети во принцип ќе Ви бидат потребни 5-6м3 простор. И она што е најважно, пелетите да бидат на суво .
Еко факт: Остатоците од согорувањето на пепелта од пелетите, се употребува како одлично еколошко ѓубриво!
10 Причини зошто да се греете на пелети
Факти кои не сте ги знаеле за пелететите
Загревање на нашите домови со помош на котлите на цврсто гориво од програмата на Burnit
Leave a Reply