Избор на пумпа која се користи во системот за греење

WILO RS 25/6

За да имаме ефикасен систем за греење, без разлика дали се грееме на јаглен, дрво, гас, мазут или на брикети и пелети, покрај квалитетен котел мораме да имаме и квалитетна циркулациона пумпа. Која е улогата на циркулационата пумпа? Со едноставни зборови кажано, пумпата ја има улогата да ја дистрибуира топлата вода од котелот до радијаторите. Доколку имаме енергетски ефикасна циркулациона пумпа, ќе имаме и поефикасно греење, а со тоа и помали сметки за електрична енергија.

За да изберете енергетски ефикасна циркулациона пумпа, истата мора да биде во склад со Europump енергетска етикета А. Горното ограничување, поточно максимална потрошувачка на електричната енергија е до 300 W.

Производите се рангираат според индексот на енергетска ефикасност – Europump енергетска етикета. Брендот и називот на моделот исто така се прикажани со се сите потребни спецификации на производот.

Како и кај апаратите за домаќинство, и циркулационите пумпи се споделени во енергетски класи: А – G. Се подразбира дека „А“ класа подразбира енергетски ефикасни пумпи, додека „G” класа претставува енергетски неефикасни пумпи.

Освен енергетската ефикасност на која треба да се обрати внимание, уште потребно е да се внимава и на тоа, пумпата да располага со адекватна моќност за просторот за кој е наменета. Не често се случува, грејните тела кои се наоѓаат најдалеку од котелот, да оддаваат малку топлина или пак воопшто да не оддаваат. Главната причина најчесто при ваков тип на проблем е токму во пумпата, однсно пумпата нема доволно моќност водата да ја турка до грејното тело.

WILO STRATOS – PICO

Во зависност од потребите на системот за греење, Wilo пумпите во својата програма имаат пумпи со две брзини и пумпи со три брзини. Тоа влијае на брзината при која течноста ќе се движи во системот за греење.  Конекциите на  пумпите се со 1′ цол  и од 5/4′.

Овие пумпи се користат во куќни инсталации бидејќи се со помала моќност, инаку за поголеми инсталации каде се потребни поголеми системи за греење, постојат и многу поголеми пумпи но за нив ќе пишуваме во некој од наредните постови.

Последниве години на пазарот се појави и високо ефикасна пумпа со дигитален дисплеј од програмата на Wilo, а тоа е Wilo Stratos – Pico. Примената на оваа пумпа е голема, но главно се користи во системите за греење во куќни инсталации. За Wilo Stratos – Pico веќе пишувавме во предходните постови, но сега само ќе наведеме дека енергетската ефикасност кај оваа пумпа е на највисоко ниво.

При изборот на пумпата секогаш консултирајте се со соодветно лице, за да бидете сигурни дека сте направиле правилен избор.

Остави коментар

*